Добредојдовте на официјалната веб страница на Мак Минерал, производител на минералната вода "Пела Роса".

"Пела Роса" е водата која за рекордно кратко време стана вистински миленик на Македонскиот пазар. Миленик на луѓето кои знаат да го препознаат вкусот на нешто чисто и недопрено, нешто свежо и здраво, на оние кои сакаат со себе да земат дел од природата. Сведоштво на ова се илијадниците потрошувачи кои со задоволство дозволија "Пела Роса" да стане неизоставен дел од нивните животи.

"Пела Роса" се раѓа во длабочините на познатите извори на Кременица, секоја нејзина капка е кристално чиста и заштитена од сите неприродни влијанија. Флаширана е со нај-современа технологија која ги следи светските стандарди во производството на минерална вода со што обезбедуваме највисок квалитет на вода, кој вие несомнено го заслужувате.

Затоа повелете и истражете го нашиот свет и научете како да го започнете вашиот пат кон чист, свеж и здрав начин на живот.


Директор,
Александар Стојановски


Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Кликнете на play за да го прегледате видеото.

Пела Роса

Земете дел од природата...


Без физички, хемиски и биолошки ризици за нејзиниот квалитет, со применетиот НАССАР систем, Пела Роса останува неприкосновено најчистата вода во Македонија по светски стандарди....


Контактирајте со нас: