Наградна игра - Правила
Назад
1. Име и времетраење
ОСВЕЖИ СЕ И ПОГЛЕДНИ ПОД КАПАЧЕТО - во периодот од 10.06.2010 до 31.08.2010
2. Услови за учество во наградната игра
Со купување на само еден производ од програмата на ПЕЛА РОСА се станува потенцијален добитник на наградата која е сместена во апликацијата под капачето.
Добитниците на главните премии треба со капачињата со добитната комбинација и со документ за идентификација да се пријават кај локалниот продавач или дистрибутер на Пела Роса.
3. Место на кое се предвидува наградната игра
На територијата на цела Република Македонија
4. Вид и вкупна вредност на добивката
| Реден број | Артикал | Количина |
| 1 | ЛЦД ТВ | 5 |
| 2 | КЛИМИ | 5 |
| 3 | АЈ ПОД | 10 |
| 4 | ВЕЛОСИПЕДИ | 10 |
| 5 | ЛАП ТОП | 5 |
| 6 | Топки | 1500 |
| 7 | Пешкири | 1700 |
| 8 | Маици | 1000 |
| 9 | Париз | 1 патување за двајца |
| 10 | Вода | 1000 |
Во случај добитникот кој ќе ја добие наградата во Париз да е спречен од административни проблеми (немање на биометриски пасош или виза) наградата можe да ја замени во противвредност било каде од понудите кои ги има туристичката агенција Ариес од Битола, со тел. 047 224 155, во рок од шест месеци по добивањето на наградата.
5. Начин на исплата, односно подигање на наградите
Доколку се појави апликацијата на капачето, со името на наградата, добитникот ќе ја подигне наградата кај својот продавач (таму каде што ја купил минералната вода), или кај дилерот во тоа место. Рок на подигање на наградата е 60 дена по завршување на наградната игра.
6. Начин на запознавање на учесниците во наградната игра со правилата на играта
Преку електронските медиум и преку печатење на постери и флаери и на веб страната на Мак Минерал www.pelarosa.com.mk, Македонската јавност ќе биде запознаена со акцијата на минералната вода Пела Роса. Начинот е многу едноставен: ОСВЕЖИ СЕ И ПОГЛЕДНИ ПОД КАПАЧЕТО
7. Цел на наградната игра
Рекламирање на нашиот производ ПЕЛА РОСА
8. Забрана за учество во наградната игра
Забрана за учество во наградната игра имаат сите вработени во ДОО "Макминерал" од Битола, дистрибутери, дилери, како и членовите на нивните потесни семејства.
9. Рок за поднесување на приговор
Рокот е 8 дена, а во рок од 8 дена Мак Минерал ДОО ќе одговори по поднесениот приговор.
10. Објавување на добитниците
Добитниците на главните награди во рок од 3 дена по добивањето на наградите ке бидат објавени во некои од печатените медиуми на територијата на Р.Македонија.
11. Контакти со приредувачот на наградната игра
ДОО Макминерал
Епинал 51, Битола
Седиште с. Кременица, Битола
Тел: 047/280121
Моб:070/339095
Пела Роса
Земете дел од природата...